Ракометарките на Куманово поуспешни од Струмица
30.04.2011 15:13
| KumanovoNews
На вчерашниот натпревар одигран во Спортската сала во Куманово, ракометарките на Куманово успејаа да издвојуваат убедлива победа против екипата на Струма, со резултат 34:17.

Само во првите петнаесетина минути гостинките од Струмица беа рамноправен противник, кога нашите ракометарки успејаа да го скршат отпорот и на полувреме отидат со предност од 14:9. Во второто полувреме предноста продолжи да расте, па првата половина од второто полувреме кумановчанки водеа со 13 гола разлика, за да на крај го постават конечниот резултат 39:19. Најефикасен поединец во екипата на Куманово беше Бранкица Димковска.