РК Куманово му гостува на Вардар 2
27.11.2015 11:39
| KumanovoNews
Ракометарите на Куманово во сабота во 20:00 часот му гостуваат на тимот на Вардар 2.

Тимот на Куманово сеуште има проблем со востпоставувањето на вистинската игра и сеуште чекаат на втората победа во првенството. Утре ќе имаат тежок противник, имајки во предвид дека Вардар 2 до сега има само еден пораз во првенството и се наоѓа на втората позиција на табелата со натпревар помалку.
Натпреварот се игра во СРЦ Кале.