Сребрен и бронзен медал за пингпонгарот Андреј Васевски на Државно првенство
Андреј Васевски, член на Пинг-понг клуб "Куманово" се закити со сребрен и бронзен медал, на Државно поединечно првенството за јуниори до У19 што се одржа во Берово.

„Резултатот што го постигна мојот ученик Андреј Васевски на оваа Државно првенството е вицешампионска титулата и сребрен медал во игра на двојки за јуниори со Андреј Стојановски од Скопје, третото место и бронзен медал во игра на мешовити двојки со Изабела Ковачевска од Берово и пето место поединечно.Во мошне изедначи натпревари и резултати неизвесни до последен момент и порази од 3:2 во сите дисциплини, е резултат со кој секој тренер би требало да биде задоволен. Секако дека секогаш може повеќе но е потребна и помалку спортска среќа што во одредени моменти ни недостигаше“, изјави тренерот Мики Каранфиловски.
На оваа првенството настапија и кадетите Јаков Кузмановски и Јаков Јакимовски.