Сребрен медал за Андреј Васевски на Државното првенство за млади сениори
На Државното поединечно првенството за млади сениори до 21 година, што се одржа викендов во Прилеп, младиот пингпонгар на Пинг-понг клубот „Куманово“УМАНОВО" Андреј Васевски, освои второто место и се закити со сребрен медал во игра на двојки.

Андреј Васевски заедно со својот спортски другар Андреј Стојановски од Скопје во игра на двојки ја освоија вицешампионската титулата и се закитија со медала.
Тие во финалето се сретнале со далеку поискусната двојка од Пинг-понг клуб "Младост" од Прилеп, Нико Доага и Лука Сточев.
„Со дисциплинирана и одговорна игра овие млади пингпонгари дојдоа до финалето. Во петиот сет се одвиваше права драма за да на крајот поискусните пингпонгари од Прилеп го добијат петиот сет со 11:9. Инаку одигра одличен натпревар но неможеа да го издржат притисокот дека се на чекор да титулата на оваа првенството. По водство од 2:1 во сетови и водство во четвртиот сет не успеаа да го сочуваат водството и го изгубија овој сет“, изјави тренерот на ППК „Куманово“ Мики Трендафиловски.
Инаку на оваа првенството од клубот учествувале и Јаков Кузмановски и Јаков Јакимовски, кои играле во границите на нивните можности и тренерот е задоволен од нивната игра и постигнатите резултати на оваа првенство.