Мени

Стронгест ММА се подготвуваат за турнир во Прилеп

16.06.2016 14:02 | KumanovoNews

Стронгест ММА тимот од Куманово интензивно се подготвува за учество на ММА турнир во Прилеп, кој ќе се одржи во недела.

Стронгест ММА се подготвуваат за турнир во Прилеп

Ова ќе биде прво настап на отвореното првенство во Прилеп, каде што учество ќе земат екипи од Македонија и Србија.

Од Куманово во Прилеп ќе настапат Дејан Петрински, Марио Станојковиќ и Стефан Максимовски.

Стронгест ММА е дел од тимот за бразилска џиу џица „Стронгест енд рутс“ Куманово.