×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Три бронзени медали за гимнастичарите на „Атлета“ на Државното првенство во Битола

    31.10.2022 14:31 | Сузана Николиќ

    Членови на гимнастичкиот клуб „Атлета“ од Куманово освоиjа три брознени медали на Државното првенство во Битола во поединечна конкуренција.

    Три бронзени медали за гимнастичарите на „Атлета“ на Државното првенство во Битола

    На првенството учествуваа 19 натпреварувачи, од кои 9 во машка и 10 во женска конкуренција. Во силна конкуренција на преку 150 натпреварувачи од целата држава, кумановските гимнастичари освоија одлични резултати.

    „Освоивме прво место во екипна конкуренција машки (помлади јуниори) и два бронзени медали во поединечна конкуренција. Во машки "А" програма до 9 години,  Милош Јовановиќ освои трето место во категорија помлади јуниори, а во „Б“ програма јуниори Бојан Ефремовски исто така се избори за 3 место“, изјави тренерот Филип Миленковски.

    „Во женската "А" програма Вања Денковска освои 3 место во категорија јуниорки во поединечна конкуренција. Во екипна конкуренција, освоивме прво место во категорија јуниорки и трето место во категорија помлади пионерки“, изјави тренерот Никола Златановски.

    Натпреварите беа во „А“ програма во машка и женска категорија и во “Б“ програма во машка категорија.

    „Се надеваме дека Општината ќе ни излезе во пресрет, бидејќи на Куманово му е потребна гимнастичка сала, од причина што градот има голем број на гимнастичари, кои сакаат да се занимаваат со овој спорт. Гимнастички клуб „Атлета“ полека станува еден од трите најдобри гимнастички клуба во државата, додава Миленковски.

    После 26 години гимнастичарите покажуваат извонредни резулти и Куманово се враќа на местото што му припаѓа.