×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Тројца мали фудбалери од „Еуроспорт“ ќе одат на проба во Црвена Звезда

    20.10.2023 14:58 | Сузана Николиќ

    Младите фудбалери на ФК  „Еуроспорт“ Куманово,  Сергеј Цветковски, Лазар Маневски и Димитриј Димитриевски во периодот од 26 до 30 октомври ќе тренираат и ќе одиграат неколку пријателски натпревари за тимот на ФК Црвена Звезда од Белград.

    Тројца мали фудбалери од „Еуроспорт“ ќе одат на проба во Црвена Звезда

    „Сергеј Цветковски има 10 години и е меѓу најдобрите голмани во Македонија, заедно со Лазар Маневски кој е негова генерација и е еден од најдобрите крилни  напаѓачи, веќе подолго време се следени од ФК Црвена Звезда на бројни  турнири на кои тимот на ФК Куманово „Еуроспорт“ настапувал во Македонија, Србија и Бугарија.  Најмладиот од нив Димитриј Стефановски  има само 6 години и игра како напаѓач, и иако е многу мал остави одличен впечаток на турнирот во Скопје, играјќи со една година поголеми дечиња и бил забележан од скаутите на Црвена Звезда", информираат од клубот.

    „Самиот повик од реномираниот клуб од Белград претставува уште еден доказ дека Куманово располага со големи таленти, а и доказ дека тренерите правилно ги обликуваат овие наши бисери. Им посакуваме успешни настапи на дечињата од ФК Куманово Еуроспорт и се надеваме дека во иднина ќе ги гледаме во дресот на Црвена Звезда“, додаваат од „Еуроспорт“.