Ветеранките на Куманово утре играат нов меѓусебен натревар
09.11.2018 11:45
| KumanovoNews
Поранешните ракометарки на ЖРК Куманово во сабота ќе направат нов собир, и ќе одиграат меѓусебен натпревар.

Куманово има богата традиција кога е во прашање женскиот ракомет, а за тоа говори и минатиот собир на турнирот на РК Карпош Вардар, кога на настанот се појавија повеќе од триесетина поранешни ракометарки од најразлична возраст.
Утре тие ќе направат ново дружење во салата на Економското училиште, каде што ќе се потсетат на своите играчки денови.
Настанот започнува во 12 часот а е организиран по повод 11.ноември.