Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во утрешното големо финале на Лигата на Шампионите, ќе се сретнат екипите на Барселона и Манчестер Јунајтед. Натпреварот се игра на реконструираниот стадион „Вембли“ во Лондон, а и двете екипи имаат добри спомени и освоено многу трофеи од стариот стадион Вембли.
Двете екипи може да се каже дека имаат одличен меѓусебен скор од кој и двете се задоволни. Досега се имаат сретнато десет пати, а во тие дуели три победи однеле и двете екипи, додека четири пати натпреварот завршил без победник.
Тука започнува интересниот дел од историјата. Првиот трофеј кој Алекс Фергусон го донел на „Олд Трафорд“ е освоен токму против Барселона - 1991 година во Ротердам, на финалето на Купот на победниците на Куповите, кога Јунајтед победи со 2:1. Двата гола за Манчестер ги постигна Марк Хјуз, некогашниот играч на Барселона против тогашниот голман на Барса Карлос Бускетс, чиј син Серхио ќе игра утре во големото финале.
Во добро сеќавање на љубителите на фудбалот е последниот двобој, во финалето 2009 во Рим кога Барселона беше подобар противник. Тогаш головите ги постигна Ето и Меси, но интересно е дека од сезоната 1983/1984, во Купот на победниците на Куповите, никогаш не се случило една екипа да победи два натпревара по ред.
Што се однесува до „Вембли“, на Јунајтед не му е страно да настапува на чуениот стадион, на кој девет пати го има освоено ФА Купот. Побитно е тоа што Манчестер за прв пат биднал првак на Европа токму на Вембли 1968 година, со резултат 4:1 против Бенфика. Тоа е и прв успех на некој англиски клуб во европско натпреварување.
Барселона се сеќава на Вембли бидејки 1992 година ја наследи Црвена Ѕвезда на местото европски шампион. Во големото финале беше поуспешна од Сампдорија со 1:0, благодарејки на одличниот слободен удар на Роналд Куман. Во таа екипа играше и Пеп Гвардиола, сегашниот тренер на Барса.
Двата клуба до сега три пати биле европски клубски шампиони, а триумфот на утрешниот меч една од екипите ќе ја смеша со Ајакс и Баерн. Единствено Ливерпул, Милан и Реал имаат повеќе титули.
Манчестер Јунајтед до споменатиот римски пораз од Барселона имаше 100% учинок во финалињата. Победени се Бенфика(1968), Баерн(1999) и Челзи(2008).
Од друга страна Барселона има половичен учинок. Победа над Сампдорија(1992), Арсенал(2006) и Манчестер Јунајтед(2009), а пораз од Бенфика(1961), Стеауа(1986) и Милан(1994).
Пеп Гвардиола имал само седум години кога 36-годишниот Фергусон прв пат предводел екипа на меѓународна сцена(Абердин 1978/1979). Доколку победи Јунајтед на „Вембли“ Фергусон овој трофеј ќе го совои по трет пат, и ќе се изедначи со Боб Пејслиј кој Ливерпул го одвел до тронот 1977, 1978 и 1981 година.
Гвардиола е еден од ретките кои Купот/Лигата на Шампионите го освоил и како играч и како тренер. Во тоа успеале Мигел Муњоз, Џовани Трапатони, Јохан Кројф, Карло Анџелоти и Франк Рајкард.
Кога се работи за клубовите од Англија и Шпанија, до сега имаат играно 15 финалиња на турнири под раководство на УЕФА. Во тие натпревари шпанците пехарот го подигнале седум пати, а англчаните осум. Сепак треба да се спомене дека тие осум пати се случувале во почетокот на натпреварувањата, но и тоа деќа шест од нив биле против шпански екипи.
Останува уште утре да го проследиме финалето и да дознаеме кој ќе биде новиот европски клубски шампион. Меси од едната, Руни од другата страна. „Ситниот вез“ против луцидниот Сер. Голема и богата традиција и милиони фанови. Фудбал. Оној најдобриот.