ЖРК Куманово вечерва го пречекува Вардар
21.03.2017 11:31
| KumanovoNews
Ракометарките на Куманово вечерва играат против екипата на Вардар.

После паузата во првенството поради репрезентативниот собир, продолжува најквалитетното ракометно првенсто. Александра Боризовска се најде на списокот на репрезентацијата на Македонија и беше единствен претставник од ЖРК Куманово.
Натпреварот помеѓу ЖРК Куманово и Вардар се игра во салата на ОУ Христијан Карпош и започнува во 19 часот.