ЖРК Куманово во петок го пречекува Пелистер
02.03.2017 11:25
| KumanovoNews
Ракометарките на Куманово во петок го пречекуваат тимот на Пелистер.

Битолчанки се наоѓаат на дното на табелата со само две победи во досегашниот дел од сезоната. Куманово заедно со Металург и Вардар го формираат горниот дел од табелата и ќе се обидат да ја забележат десетата победа во оваа натпреварувчка сезона.
Натрпеварот ќе се игра во салата на ОУ Христијан Карпош со почеток во 18:30.