ЖРК Куманово во третото коло против екипата на Кузман Вардар Илинден
04.10.2019 10:32
| KumanovoNews
Ракометарките на Куманово, утре (сабота), во рамки од третото коло од домашната лига, ќе играат на гостински терен против екипата на ЖРК Кузман Вардар Илинден.

„Куманово е фаворит на овој натпревар и се очекува убедлива победа“,- велат од ЖРК Куманово.
Во првиот натпревар ЖРК Куманово играше против екипата на Деспина, каде постигна победа со 9 гола разлика, со резултат 22:31, додека пак во второто коло играше против ракометарките на Стружанка, каде постигна убедлива победа со резултат од 36:22.