Мени

100 пакети облека за најсиромашните граѓани

31.05.2013 12:33 | KumanovoNews

 Пакети со обувки и облека ќе бидат поделени на многудетни семејства, самохрани родители и деца без родители и родителска грижа, преку Центарот за социјални работи.

100 пакети облека за најсиромашните граѓани

Во оваа акција ќе поделиме запленета роба од Царинска управа и Агенција за управување со конфискуван имот. Социјалните работници прават проценка, и оние кои се најзагрозени ќе добијат помош во обувки и гардероба - вели Даниел Живачки, директор на Центар за социјални работи.

Пакети ќе бидат донирани на над 100 корисници од споменатите ризични групи.