×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • 10.000 жени се вработени или работно - оспособени со мерките на Владата

    24.11.2022 22:29 | KumanovoNews

    За нецели 2 години  преку мерките на Оперативниот план за активни програми и мерки,  се вработиле   3.370 жени, а со вештини и квалификации барани на пазарот на трудот се стекнале 6.035 жени, односно речиси 10.000 жени се вработени или работно- оспособени, истакна министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска,  на настан насловен „Зајакнување на позицијата на жените во приватниот сектор“, организиран од Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп, како членка на Алијансата за родова еднаквост при Асоцијацијата за е-трговија.

    10.000 жени се вработени или работно - оспособени  со мерките на Владата

    „Грантовите за самовработување се најпривлечна мерка за жените очигледно.  Токму нивните нови иновативни бизниси, поддржани од Министерството за труд и социјална политика, Агенцијата за вработување, но и од вас, во текот на нивниот развој допринесуваат за нова бизнис клима, за раздвижување на конкуренцијата, за оснажнување на други жени. Токму нивните идеи, напори, но и потреба за вмрежување се опфатени во Стратегијата за развој на женското претприемаштво, која треба да промовира економското јакнење на жените преку создавање на поволна бизнис клима и обезбедување поддршка за развој на нивниот претприемнички потенцијал. Со тоа ќе се придонесе кон развојот на постоечките и отворање на нови претпријатија, креирање на нови работни места, а со тоа и јакнење на целокупната економија,“ порача Тренчевска.

    Притоа, таа ја истакна посветеноста во промовирањето на родовата еднаквост, подобрувањето на условите за живот, но и личен развој на жените, заложбите за еднаква плата за жените  и еднакви можности.