Мени

Татко и две ќерки нападнале жена по расправија за добиток

25.11.2026 17:02 | KumanovoNews

До Основното јавно обвинителство Крива Паланка денеска е доставена кривична пријава против три лица – татко и две ќерки поради сомнение дека сториле кривично дело – тешка телесна повреда, според член 131 став 1 од Кривичниот законик.

Татко и две ќерки нападнале жена по расправија за добиток

Пријавените, поради недоразбирање околу добитокот најпрво започнале расправија, а потоа физички нападнале жена од селото Дрење, ја влечеле, туркале и ѝ се заканувале. 

„Кога ја турнале на земјата оштетената се здобила со тешка телесна повреда – скршеница на левиот скочен зглоб на ногата“, велат од Обвинителството.

По пријавата се постапува во редовна постапка, но сите дејствија се преземаат со итност, со цел што е можно побрзо донесување јавнообвинителска одлука. 

„Наредено е вештачење на видот и карактерот на повредите на оштетената, а се обезбедуваат и други докази. Имајќи го предвид и претходното однесување на пријавените, како и другите постапки кои се водени и се водат против нив, надлежниот јавен обвинител врши проценка на потребата да предложи одредени мерки за претпазливост во текот на постапката“, стои во соопштението.

МВР соопшти дека во саботата била нападната 67-годишна жена од селото Дрење, поради недоразбирање околу крави, при што се здобила со тешки телесни повреди.