18 години Кумановоњуз – од локална приказна до глас на градот
Денес Кумановоњуз одбележува 18 години постоење – 18 години посветена работа, навремено информирање и заедничко растење со читателите.
Во изминатите години заедно поминавме низ илјадници приказни, важни настани, успеси, предизвици и моменти што не обликуваа нас и нашата заедница.
Полнолетството за нас не е само бројка, туку симбол на зрелост, доверба и одговорност што ја носиме кон секој читател. Со истата љубов кон локалната приказна и со нова енергија продолжуваме напред – уште посилни, помотивирани и подготвени за нови предизвици.
Овие 18 години се доказ дека кога се работи искрено, со срце и посветеност, довербата секогаш се враќа. Ќе продолжиме да бидеме вашиот глас, ваш извор на информации и хроничар на времето во кое живееме.
Ви благодариме што 18 години сте дел од нашето патување. Вашата поддршка е нашата најголема сила, а најубавите приказни допрва ќе ги раскажуваме заедно.