Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Деновите 24 април и 8 мај, среда за кога се закажани претседателските и парламентарните избори со одлука на Владата се прогласени за неработни и за приватниот сектор, а не само за јавната администрација.
„Владата заклучи 24 април 2024 година (среда) и 8 мај 2024 година (среда) да бидат неработни денови за сите граѓани на Република Северна Македонија, заради непречено спроведување на изборите за претседател на Република Северна Македонија и изборите за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија. Овие два неработни дена нема да се одработуваат“,стои во заклучокот од седницата.
Владината одлука се однесува на сите граѓани на територијата на државата.
Одлуката за неработни денови важеше само за јавната администрација, а за приватниот сектор беше дадена само препорака, што внесуваше забуна кај приватните стопоански субјекти. Овие два неработни дена нема да се одработуваат, односно газдите на приватните фирми нема да може да го бараат од вработените.