×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • 26 вработени во Нагоричане преку владини проекти

    14.07.2016 13:35 | KumanovoNews

    26 лица се вработиле, а 17 фирми ги искористиле мерките на проектот „Македонија вработува„ во општината Старо Нагоричане.

    26 вработени во Нагоричане преку владини проекти

     Најголем дел од нив се ангажирани во производствените капацитети и услужните дејности на територијата на двете соседни општини Старо Нагоричене и Куманово.

    Во Старо Нагоричане активни баратели на работа се околу 300 лица. Пред повеќето од нив денеска беше промовиран проектот „Македонија вработува 2„.

    Имаше голем интерес од посетителите. Им поделивме флаери и им ги објаснивме најновите мерки. Се надевам дека ќе има резултати и од овој проект како што беше со првиот, за невработените и за фирмите кои егзистираат во оваа општина, - изјави Милорад Тренчевски, директор во Агенцијата за вработување.

    На присутните им се обрати и градоначалникот на Старо Нагоричане, Милован Стојковски, кој најави отварање на нови работни места во општината.

    „Фам-инженеринг доби дозвола за градба за фабрика за метални конструкции, Стил-кон веќе постои, се рестартираат и поранешните зикови оранжерии, чекаме поделба и на уделот меѓу Пелистерка и Аква кокино и се надевам дека брзо ќе почне со работа и таа фабрика, - рече Стојковски.

    Проектот “Македонија вработува 2“ предвидува работодавачот кој ќе вработи лице од 35 до 50 години да биде ослободен од плаќање на придонеси од задолжително социјално осигурување и персонален данок во траење од 60 месеци од денот на вработувањето.