Акција за собирање на кабаст отпад на три локации во Куманово
На три локации во градот, во петок, сабота и недела ќе се спроведе акција за собирање на кабаст отпад.
Контејнерите ќе бидат поставени кај поранешен „Шипад“- населба „Гоце Делчев“, паркингот кај Градскиот базен и кај зградата на Противпожарната единица.
„Апелираме до сите граѓани кабастиот отпад (стар мебел, електрични уреди, големи предмети и сл.) да го одложуваат исклучиво на наведените локации во предвидениот период, со цел сите заедно да придонесеме за почиста и поуредна животна средина“, наведено е во соопштението на ЈП „Чистота и зеленило“.
Тридневната акција за собирање на кабаст отпад се споведува во согласност со насоките од Министерството за животна средина и просторно планирање, Општина Куманово во соработка со ЈП „Чистота и зеленило“. Акцијата ќе започне на 12. декември и ќе трае во петок, сабота и недела.