Мени

Апликацијата „МојДДВ“ повторно е во функција

24.06.2026 20:13 | KumanovoNews

Управата за јавни приходи (УЈП) го завршила унапредувањето на системот „МојДДВ“, и граѓаните можат непречено да продолжат со скенирање на фискалните сметки.

Апликацијата „МојДДВ“ повторно е во функција

„Со оваа надградба обезбедивме поголема сигурност, побрза работа и поголема достапност на услугата за сите корисници“, соопштија од УЈП.

Од Управата додаваат дека апликацијата „МојДДВ“ од вчера (23 јуни) од 16 часот е целосно функционална, стабилна и достапна за користење.