Авганистанци плаќале по 1300 евра за да стигнат до Сопот
30.07.2017 11:15
| KumanovoNews
Авганистанци плаќале по 1300 евра за да стигнат до македонско-српската граница.

Во полициската станица Сопот, вчера околу пладне пристигнале шестмина мигранти- жени со деца, кои изјавиле дека со патничко возило БМВ биле доенсени до селото и за превозот требале да платат по 1.300 евра по лице.
За пронајдените мигранти бил известен надлежен инспектор од СВР Куманово.
Авганистанските државјани се сместени во Прифатниот центар Табановце за понатамошна постапка.