Камион се излизга на патот кај Скачковце, сообраќајот е во прекин
29.11.2026 13:03
| KumanovoNews
На патниот правец Куманово – Свети Николе, пред селото Скачковце, кумановско, утринава околу 8 часот, товарно возило
со национални ознаки на Босна и Херцеговина, управувано од Н.П.(53), се излизгало и го попречило коловозот.
„Патот е затворен за сообраќај, а полициски службеници и екипа на ЈП „Македонија пат“ работат на расчистување на патот и обезбедување непречено одвивање на сообраќајот. Повредени лица нема“, соопшти СВР Куманово.