Ограбена златарница во центарот на Куманово
27.11.2026 18:58
| KumanovoNews
Непознати разбојници денеска напладне ограбиле златарница во центарот на Куманово.
„Во 12:32 часот во СВР Куманово било пријавено дека во златарница на улица „11 Октомври“ во Куманово, неколку лица влегле и одзеле злато. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за расчистување на случајот“, соопшти МВР.
На видеото што се споделува на социјалните мрежи се гледа дека во златарницата влегуваат 4 маскирани лица, кои го вадат накитот од полиците и го ставаат во ранците, по што бегаат.
(фото. архива)