Мени

Платите и пензиите растат побрзо од трошоците, инфлацијата во Македонија е меѓу најниските во регионот, вели Мицкоски

27.11.2026 08:29 | KumanovoNews

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, на седницата за пратенички прашања направи споредба на растот на просечната плата, растот на пензиите и висината на инфлацијата во 2026 година во однос на првата половина на 2024 година и претходно.

Платите и пензиите растат побрзо од трошоците, инфлацијата во Македонија е меѓу најниските во регионот, вели Мицкоски

„Растот на просечната плата во мај 2024 година е 41.252, во септември 2026 година 49.141 денари. Растот за 28 месеци е 20%. Дури и синдикалната, според нив, минимална кошничка — а не е минимална, туку просечна — за истиот период пораснала за 16%. Значи, растот на платата е поголем. Просечната пензија во мај 2024 година е 21.209,а во септември 2026 година е 28.935 денари. Тоа е 36,5% раст на просечната пензија. Понатаму, инфлација во септември во Македонија е 2,7%, во Албанија 2,9%, Словенија 3,3%, Србија 4,1%, Хрватска 4,7%, Црна Гора 4,9%, Грција 5,1%, Бугарија 5,6%, Косово 7,8%, Турција скоро 30%. Во септември 2022 година во Албанија 8,1%, во Словенија 10,6%, Грција 12,7% и така натаму, претпоследна е Македонија 18,7%, Турција е со најголема 83,45%. Разликата е јасна и евидентна“, заклучи Мицкоски.

Наспроти овие бројки, граѓаните се жалат на високите цени и ослабената куповна моќ.