×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Fiore

    Автомобилот во кој се возеле Елизабет Тејлор и Ричард Бартон на изложба во Куманово (видео)

    31.10.2023 12:27 | Сузана Николиќ , Жаклина Цветковска , Стефан Николиќ

    Во него се возеле Ричард Бартон и Елизабет Тејлор за време на снимањето на филмот „Сутјеска, а се појавува и во „Среќна Нова 49“, „Ослободување на Скопје“ и „Сенки над Балканот“.

    Овој ексклузивен модел на опел капитан од 1941 година веројатно е настариот олдтајмер во Македонија, а негов сопственик е Љупчо Трајковски од Скопје.

    „Го имам од 2008 година, 4 години траеше реставрацијата, сега 11-12 години редовно го користам, го возам, го регистрирам, има и зелен картон. Покрај во Македонија, одиме и надвор од земјава на изложби, за уживање го корстиме, викенди го возиме“.

    Трајковски го купил автомобилот од првите сопственици. Газдата бил пилот во Кралска Србија и во 1941 година го купил опелот од Софија. Сопственикот загинал во војната, а по ослободувањето после 45-та година, колата е конфискувана. Ја користел хотелот Москва во Белград и служела за ВИП личности.

    „Сега по нивни кажувања, на сопствениците, се имаат возено Ричард Бартон, Елизабет Тејлор. Снимањето на филмовите „Сутјеска“ во бивша Југославија како дел од историјата на автомобилот е тоа интересно. Има уште учествувано во филм „Срекна Нова 49“, во 1986-та година, а јас ја имам возено значи во 2 филма - „Ослободување на Скопје 44-та“ со Раде Шербеџија и 2016- 17 беше со Драган Бјелогрлиќ „Сенки над Балканот“, вели гордиот сопственик.

    Секаде каде ќе се појави со опелот, предизвикува внимание. Го сопираат, се фотографираат, роднини, пријатели, колеги го бараат за снимање за свадби.

    Вредноста на возилото а него не е во продажната цена, туку за него е култура и историјата на самото возило.

    „За мене е уживање бепрекорно, нели, уживам во возилото, кога возам со брзина од 70- 80 км на час , ја мислам си уживам во самиот пат, тоа не можам да го опишам поинаку, не знам. Нити е лебдеење , нити е пливање, едноставно уживање“, вели Љупчо.

    Тој редовно настапува на изложби каде ги претставува перформансите на овој редок модел. Опел капитанот има мотор 6 цилиндра, 2,500 кубика, 54 конски сили, максимална брзина околу 130 и околу 12-13 литри потрошувачка на годиво. Овие автомобили се произведувале од 1938-1950 година и има 25.473 примероци. Негов производител е германската компанија Опел.

    „Како индустрија, како империја тогашна е да им завидува човек на ваков тип на автомобили, ова биле луксузни автомобили тоа време - Опел Капитан, Опел Адмирал, Кадет, Олимпија, па и други модели, БМВ имале, Циндап имале, па тенкови произведувале, па знакот на цепелин го има позади возилото, значи тоа е нели балоните тие што ги користеле тогаш...“, вели Трајковски.

    Тој оди со својот вредн олдтајмен секаде каде што ќе го поканат. Вели сека изложбите се убаво место за дружби помеѓу колеги, се запознаваат со разни типови на автомобили, се разменуваат делови и се стекнуваат пријатели.

     

    Автомобилот во кој се возеле Елизабет Тејлор и Ричард Бартон на изложба во Куманово (видео)