Бесплатен скрининг за црн дроб денеска попладне на градскиот плоштад во Куманово
На градски плоштад во Куманово денеска од 17:30 - 19:30 часот ќе се спроведе бесплатен и анонимен скрининг за хепатит Б, Ц и ХИВ, како и еластографија за проценка на црниот дроб.

Од денеска, Министерството за здравство заедно со Клиниката за гастроентерохепатологија и „Хепар центар“ – Битола по повод Светскиот ден за борба против хепатитисот,ја започнаа заедничка национална кампања за бесплатен и анонимен скрининг за хепатитис Б, хепатитис Ц и за ХИВ, како и еластографија за хронични црнодробни заболувања.
Кампањата има за цел да ја подигне на свесноста за црнодробните болести: црнодробен карцином, замастување на црниот дроб од алкохолна и неалкохолна природа, цироза, ретки болести на црни дроб.