Без струја делови од Куманово и околните населби
Повеќе делови во Куманово и околината ќе останат без електрична енергија денеска и во наредниот период поради планирани прекини во електроснабдувањето.
Денеска од 09:00 до 14:00 часот без струја е дел од селото Новосељане, додека од 09:00 до 15:00 часот прекин во снабдувањето имаат корисниците на улицата „11 Ноември“ и населбата Бедиње.
Утре, на 9 јуни, од 06:00 до 06:30 часот без електрична енергија ќе бидат дел од зградите на улиците „Октомвриска револуција“ и „Моша Пијаде“ кај кружниот тек, делови од населбите Иго Тричковиќ и Перо Чичо, како и целите населби Карпош и Ајдучка Чешма.
Истиот ден, од 08:30 до 14:30 часот, без струја ќе остане дел од улицата „11 Ноември“ по мостот кон населбата Бедиње. Од 09:00 до 12:00 часот прекин е најавен за дел од селото Драгоманце на влезот во населеното место, а од 09:00 до 14:00 часот без електрична енергија ќе бидат селата Сопот и Косматац.
Во среда, на 10 јуни, од 09:00 до 15:00 часот, повторно без струја ќе останат делови од улицата „11 Ноември“ и населбата Бедиње.
Планирани прекини се најавени и за 23 јуни. Од 09:10 до 10:30 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците во реонот на улицата „Доне Божинов“, населбата Прмакови Ниви, објектите спроти Спомен-костурницата, кланицата „Црн Бик“, Ново Куманово, Железничката станица Ново Куманово, Средорек, улицата „Јоско Илиевски“, Спортскиот аеродром Аџитепе и фабриката „Феликс“.
Истиот ден, од 12:30 до 14:00 часот, без струја ќе останат корисниците кои се напојуваат од 10 kV изводот ФЗЦ 1 за старата фабрика ФЗЦ.