Без струја денеска делови од Железничка и Бедиње
27.09.2024 07:47
| KumanovoNews
Прекин во снабдувањето со електрична енергија денеска ќе имаат потрошувачите на реонот кај Железничката станица и во населбата Бедиње.

Според ЕВН, планирани прекини денеска од 07:15 до 12: 00 часот ќе има на улиците Индустриска, Железничка, 11 Ноември, Милорад Петровиќ, објектите на фабриката Искра, Сокара, Ладилник, бетоњера на Козјак и поранешна Кожара.
Истовремено, од 07:45 часот до 12:00 часот струја ќе нема и во селото Ропаљце.