Без струја денеска и утре делови од центарот на градот и повеќе населби
03.04.2026 08:25
| KumanovoNews
Планирани прекини во снабдувањето со електрична енергија денеска и утре ќе има на повеќе улици, населби и села во Куманово.
Според ЕВН, денеска од 8:30 до 14:00 часот без струја ќе бидат потрошувачите на улиците: „АВНОЈ“, „Лесковачка“, „Иван Горан Ковачиќ“, „Мирче Ацев“, „Нада Михајлова“, „Страшо Пинџур“, „Видое Смилевски-Бато“, „Никола М. Брада“, „Васко Карангелевски“, како и населбите Проевце, Доброшане, Вера Которка и селата Шупли Камен и Орашац.
За утре (сабота), планирани прекини од 07:00 до 13:30 часот ќе има во централното градско подрачје, на улицата „Трета МУБ“, во делот помеѓу улиците „Народна револуција“ и „Гоце Делчев“, како и дел од улиците „Илинденска“, „Толи Зордумис“ и „Кирил и Методиј“.