Без струја денеска и утре повеќе кумановски и липковски села
18.09.2024 07:25
| KumanovoNews
Прекин во снабдувањето со електрична енергија денеска и утре ќе има во повеќе кумановски и липковски села, како и во една кумановска населба.

Поради планирани прекини на дистрибутивната мрежа денеска од 07:55 до 16:00 часот, без струја ќе останат потрошувачите на селата Мургаш, Кутлубет, Пезово, К'шање, Затвор K'шање и Кокошиње.
Утре од 07:30 до 14:30 часот, електрична нергија струја ќе нема во дел од населбата Долно Којнаре, додека од 09.00 до 14.30 часот во селата Слупчане, Ваксинце, Оризаре, Алешевце, Руница, Извор и Белановце.