Без струја неколку населби и села
21.05.2024 08:23
| KumanovoNews
Прекин во снабдувањето со електрична енергија денeска во одреден период од денот ќе имаат потрошувачите на неколку населби и села.

„Од 08.30 до 13 часот планирани прекини во дистрибутивниот систем за електрична енергија ќе има во м.в.Бејтеви Ниви, нас. Иго Тричковиќ (Пуковско) на дел од патот кон с.Тромеѓа, с.Тромеѓа, м.в. Мајорово Трло, м.в.Багремов Цвет и селото Младо Нагоричане“, соопштуваат од Центарот за управување со кризи Куманово.