Без струја повеќе села во Старо Нагоричане и еден кварт во Куманово
07.04.2026 07:28
| KumanovoNews
Планиран прекин во снабдувањето со електрична енергија денеска ќе има во повеќе села во општина Старо Нагоричане и во еден дел на градот .
Денеска од 08:00 до 14:00 часот, без струја ќе бидат селата: Макреш, Жељувино, Аљинце, Цвиланце, Дренак, Добрача, Канарево и Бајловце.
Од 08:30 до 14:00 часот струја ќе нема на улиците: „Киро Фетак“ (кон пазарот), „Карл Маркс“, дел од „Христијан Тодоровски Карпош“ (кај пазарот) и дел од „Трета МУБ“ (кај бензинската пумпа).