Мени

Без струја повеќето села во Општина Старо Нагоричане

17.06.2026 07:55 | KumanovoNews

Денеска без електрична енергија ќе останат потрошувачите во речиси сите села во Општина Старо Нагоричане.

Без струја повеќето села во Општина Старо Нагоричане

Од 08:30 до 14:30 часот без струја ќе бидат населените места: Кокино, Дејловце, Четирце, Челопек, Стрновац, Старо Нагоричане, Цветишница, Драгоманце, Коинце, Пузајка, Малотино, Длабочица, Степанце, Никуљане, Карабичане, Жегљане, Арбанашко, Пелинце, Враготурце, Рамно, Алгуња и Осиче.

Во вторник, на 23 јуни, од 09:10 до 10:30 часот, без електрична енергија ќе останат потрошувачите на улицата „Доне Божинов“ (Прмакови Ниви), објектите спроти Спомен-костурницата, кланицата „Црн Бик“, населбата Ново Куманово, Железничката станица Ново Куманово, Средорек, улицата „Јоско Илиевски“, Спортскиот аеродром Аџи Тепе и фабриката „Феликс“.

Истиот ден, од 12:30 до 14:00 часот, прекин во снабдувањето со електрична енергија ќе има и на 10 kV изводот ФЗЦ 1, во реонот на поранешната фабрика ФЗЦ.