Без струја утре делови од Куманово
22.06.2026 08:27
| KumanovoNews
Прекин во снабдувањето со електрична енергија утре ќе имаат потрошувачите на неколку локации во Куманово.
Според ЕВН, од 09:10 до 10:30 часот струја ќе нема на ул. Доне Божинов (Прмакови Ниви), објектите спроти Спомен Костурница, Кланица „Црн Бик“, Ново Куманово, Железничка станица Ново Куманово, Средорек, Јоско Илиевски, Спортски аеродром Аџи Тепе и Ф-ка Феликс.
Од 12.30 – 14 часот на 10 kV извод ФЗЦ 1 (реон на стара фабрика ФЗЦ).
На 3 јули од 08:30 – 11 часот без електрична енергија ќе остане селото Мургаш, додека на 6 јули од 08:50 до 11 часот селото Облавце.