Без струја утре сите села во Старо Нагоричане и повеќето села и приградски населби во Куманово
08.10.2024 08:08
| KumanovoNews
Поради планиран прекин во снабдувањето утре без електрична енергија ќе останат потрошувачите на сите села во општина Старо Нагоричане и повеќе села и приградски населби во Куманово.

Во среда од 11.05 до 14.00 часот струја ќе нема во селата во цела општина Старо Нагоричане, потоа во кумановските села Габреш, Скачковце, Бељаковце, Кшање, Клечовце, Кучкарево, Мургаш, Пезово, Довезенце, Јачинце, Зубовце, Косматац, Кокошиње, Градиште, Орашац, Новосељане, Кулибег, Тромеѓа Амбар маало, во дел од населбата Ајдучке Чешма, Гладно поље, насел. Перо Чичо, дел од м.в. Магаза.