×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Благо расте бројот на позитивни на ковид, утре седница на Комисијата за заразни болести

    28.06.2022 15:36 | Сузана Николиќ

    Комисијата за заразни болести утре ќе одржи седница на кој ќе ја разгледа актуелната состојба со ковид-19. Министерот за здравство Беким Сали вели дека состанокот се свикува по пауза од два месецa, со цел да се направи анализа на севкупната состојба поради порастот на заболени од коронавирус.

    Благо расте бројот на позитивни на ковид, утре седница на Комисијата за заразни болести

    „Во Европа веќе почна да се зголемува бројот на новозаразени од ковид-19, и кај нас забележуваме благ пораст на нови случаи. Комисијата за заразни болести има закажано состанок за предвремена анализа, можеби сè уште не е време, односно не е алармантно, но за утре е закажана првата седница по пауза од два месеца, што укажува дека нешто веќе се случува и кај нас. Ги повикувам сите граѓани да бидат внимателни и да ги запазат оние трите златни чекори за заштита од инфекција со ковид-19, одржување хигиена, носење маска во затворена просторија, сè уште како мерка не сме ја донеле, но следно би било тоа, и одржување на личната хигиена која што е многу значајна за заштита од ковид-19“, изјави минстерот Сали, кој беше на крводарителска акција во Куманово.

    На новинарско прашањето дали на утрешната седница комисијата ќе донесе рестриктивни мерки, министерот кажа тоа ќе зависи од неделните ализи.

    „Зависно од неделните анализи што ќе кажат, доколку дојдеме до нив, тоа знаете е со градација, скалесто, како што се зголемува бројот на новозаразени, зависно во кој период и кои ни се целните групи, така носиме и одлуки за заштита односно рестриктивни мерки, јас посакувам да не се вратиме на старото, но мора да бидеме спремни, внимателни и да правиме навремени анализи заедно со експертите и Институтот за јавно здравје“, кажа Сали.