×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Дупки и трње наместо тротоар на „Братство Единство“, децата одат по коловоз за да стигнат во градинка

    08.07.2025 11:00 | KumanovoNews

    Поголем дел од улицата „Братство Единство“ нема уреден тротоар, иако беше реконструирана пред 2,5 години и чинеше околу 200.000 евра.

    Дупки и трње наместо тротоар на „Братство Единство“, децата одат по коловоз за да стигнат во градинка

    Просторот наменет за пешаци не може да се користи затоа што е обраснат во трева и трње,  со дупки и шут, кој останал додека се градела улицата.

    Најкритичен дел за безбедноста на сите учесници во сообраќајот е од потегот на „Чистота и зеленило“ до градинката „Синоличка“, бидејќи таму има голем свиок и раскрсница кон населбата „Башкими“. Родителите кои своите деца ги водат во градинка и другите граѓани се движат по коловозотот, а улицата е многу фреквентна поради тоа што тука се наоѓа зградата на Општина Куманово, јавни претпријатија, училиште и други установи . 

    Проблемот со тротоарите на „Братство Единство“ повеќепати го актуелизираше советникот Миле Андоновски, кој кажа дека е срам за општинските власти што не  се грижат за безбеднсота на најмалите, а постојано потенцираат дека сакаат да ги задржат младите родители во градот. 

    „Одлуката за изградба на тротоари на „Братство Единство“ е донесна пред 5 години. Со реконструкцијата требаше да се направат тротоари од двете страни на улицата, и по должината на паркот. Уште нема ништо од тоа. Секоја година се предвидуваа од 30 до 40 милиони денари за бекатонизација на улици, а се нема сенс да се завршат барем тие 80-метри тротоар пред градинката. Затоа јас барам од градоначалникот и неговите служби да си ја исполнат обврската и да даваат отчет на секои три месеци за реализација на одлуките. Така ќе имаме прегледност што се работи, вака прават што сакаат“, вели Андоновски.

    Минатата година се бекатонираше тротоарот кај Автобуската станица, но не и  другиот дел, за кој има реакции од родителите и граѓаните.

    Претседателката на Советот Ивана Ѓорѓиевска вчера беше во градинската „Синоличка“, па ја прашавме зошто не се направени тротоарите, и покрај сите опасности кои ги демнат родителите и децата што идат во градинка, но и за сите граѓани.

    „Постапката е во тек, две фирми го добиле тендерот. Мислам дека ова ќе биде приоритет, затоа што веќе на Советот се алармираше од страна на советниците. Овој дел ќе се бекатонира и ќе се работи на поставување на тротоари за најмалите“, кажа Ѓорѓиевска. 

    Улицата „Братство Единство“ беше реконтруирана на крајот на 2022 година и за неа беа потрошени 11.805.310 денари или околу 200.000 евра општински пари, откако предходно преку проект за прекугранична соработка со Ѓњилане беше изградена атмосферска канализација, која чинеше 270.000 евра.

    Кумановоњуз за овој проблем пишуваше и во февруари 2024 година, но и покрај сите апели надлежните се оглушија на барањата на граѓаните.