Цариничка фатена со 200 евра мито
04.08.2010 09:39
| KumanovoNews
Цариничка од Куманово, вработена во Царинската управа во Скопје, вчера била приведена под сомнение дека примила поткуп.

Според првичните неофицијални информации, 34-годишната цариничка, кумановка била уапсена вчера поладне откако примила 200 евра мито, што го барала за да забрза постапката за увоз на автомобил.
Приведената во текот на денот ќе биде изведена на распит пред Истражен судија.