Целовечерен концерт на „Танец“ во Центарот за култура во Куманово
Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, утре /четврток/ со почеток во 19 часот, целовечерен концерт ќе одржи на Националниот ансамбл „Танец“.

„Танец“ е првиот професионален фолклорен ансамбл во Македонија. Формиран е во 1949 година со цел да ги собира и негува македонските традиционални песни и игри, народните носии и инструменти, и преку соодветен уметнички израз, сценски да ги претставува највредните форми од богатата ризница на македонскиот народ.
Танец - го симболизира македонскиот народен танц (оро), и претставува амбасадор на македонската народна уметност и култура низ целиот свет.
Билетите по цена од 100 денари можат да се купат на билетарата во Центар за култура Куманово.