Мени

Централен регистар и во сабота ќе прима годишни сметки

25.02.2026 10:36 | KumanovoNews

Централниот регистар и во сабота на 28 февруари ќе врши прием на годишни сметки и финансиски извештаи за 2025 година.

Централен регистар и во сабота ќе прима годишни сметки

Оттаму ги известуваат сите обврзници за поднесување годишни сметки дека во сите регионални регистрациони канцеларии и регистрациони канцеларии приемот ќе се врши од 8:00 до 16:00 часот. 

„Микро и малите трговци ќе имаат можност годишната сметка во согласност со Законот за трговските друштва, да ја поднесат во електронска форма до 16 март 2026 година. Трговците поединци и самостојните вршители на дејност (обврзници во согласност со Законот за данокот на личен доход) годишните сметки за 2025 година може да ги достават во хартиена форма до 16.3.2026 година (понеделник) во сите канцеларии на Централниот регистар во период од 8:00 до 16:00 часот“, стои во соопштението на Централен регистар.

За дополнителна помош, граѓаните можат да се обратат преку телефоните за контакт и адресата на е-пошта, како и преку контакт-формата на Централен регистар.