Мени

Четири пожари во кумановско-липковскиот регион, горела сува трева

20.08.2026 08:31 | KumanovoNews

Во текот на вечерта и ноќта, Територијалната противпожарна единица Куманово (ТППЕ) интервенирала на гаснење на 4 пожари

Четири пожари во кумановско-липковскиот регион, горела сува трева

Пожарникарите интервенирале во селата Орашац, Ваксице, Опаје и Лопате.

Во село Орашац интервенцијата траела од 18:20 до 20:40 часот, а во Ваксице од 18:05 до 20:22 часот.

Во село Опае пожарот избувнал во 20:35 а изгаснат е  до 21:25 часот. Во Лопате интервенцијата започнала во 23:50 часот и траела до 01:15 часот. 

Од ТППЕ Куманово апелираат на внимателно однесување на отворен простор, особено во услови на високи температури и суво време.