×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • „Дали се разбираме?“ – вечер на рап музика и поезија во Центарот за култура

    10.05.2024 08:54 | Оливера Пешевска

    Музичко - поетска вечер, под мотото „Дали се рабираме?“ ќе се одржи вечерва /петок/, со почеток во 20 часот во Центарот за култура во Куманово.

    „Дали се разбираме?“ – вечер на рап музика и поезија во Центарот за култура

    Се работи за промоција на млади таленти, поети и музичари кои ќе се обидат да направат компарација меѓу поезијата и рап музиката.

    „Преку класичната поезија и рап музиката сакаме до повозрасната публика да ги приближиме работите што нас не интересираат, но и да покажеме пред врсниците и младите што е тоа што го создаваме. Ова е аматерски обид за претставување, во пресрет ни излегоа вработените во Центарот за култура кои ни овозможија да го искористиме нивниот простор и обезбедија техничка поддршка на настанот“, истакна Теодор Јакимовски, ученик во гимназијата „Гоце Делчев“, кој е творец и организатор на настанот.

    Вечерта ќе настапат Теодор Јакимовски, Никола Богатиновски, Јован Цветковиќ, Иван Јовановски, Кристијан Васиљковски и Владимир Стојановски во музичкиот дел и поетите Ана Љубиќ и Андреј Анѓелковиќ.

    Влезот е слободен за сите заинтересирани посетители.