×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Далибор Китановиќ одликуван со златен медал од претседателот Александар Вучиќ

    29.06.2022 22:42 | Сузана Николиќ

     Претседателот на КУД „Српски вез“ Далибор Китановиќ од Куманово, одликуван e со златен медал за посебни заслуги во културата од претседателот на Србија Александар Вучиќ, по повод празникот Видовден.

    Далибор Китановиќ одликуван со златен медал од претседателот Александар Вучиќ

    Признанието е резултат на исклучителните залагање на Китановиќ во областа на јавните и културни дејности, пристапот во работата и квалитетната комуникација со културните здруженија во Србија, кои се од особено значење за Српската заедница во Македонија.

    Свеченото доделување на признание се одржа вчера во палата „Србија“ во Белград, во присуство на највисокото политичко раководство и гости од странство. Притоа беа доделени вкупно 32 ордени и златни медали на поединци и институции за посебни односно изузетни заслуги. 

    „Огромно признание и чест за мене лично, да се добие вакво одликување и тоа лично од председателот на Вучиќ. Меѓутоа ова одликување не е само мое, тоа им припаѓа на сите членови на „Српски вез“ и на Српската заедница во Македонија. Заслугата е подеднаква на сите, и благодарен сум што имам среќа да соработувам со одличен тим на млади, но и на искусни луѓе, со кои успејавме да направиме резултат кој беше препознаен од страна на институциите во Србија. Покрај честа и задоволството ова претставува и голема одговорност и уште поголема мотивација да продолжиме и понатаму да работиме и да креираме одлични резултати“, изјави Китановиќ.

    Претседателот на „Српски вез“ имал чест да поразговара со председателот Вучиќ и да го покани на нивниот јубилеен 10. концерт наредната година.

    „Тој се заблагодари на поканата и изрази голема почит и за тоа што го работиме во Куманово и пошироко, при што нагласи дека Србије и понатаму ќе продолжи да го поддржува нашето културно-уметничко друштво и Српската заедница во Куманово“, изјави Китановиќ.

    Тој високото призание го доби на предлог на Амбасадата на Србија во Македонија и Министерството за надворешни работи на Србија. 

    На свеченоста присуствуваа премиерката Ана Брнабиќ и министрите од Владата на Србија, како и гостите од Република Српска Милорад Додик и Жељка Цвијановиќ, претставници од јавниот и спорскиот живот, меѓу кои селекторот на Српската фудбалска репрезентација Драган Стојковиќ Пикси, селекторот на кошаркарската репрезентација Светислав Пешиќ, најтрофејниот кошаркарски тренер во Европа и тренерот на КК Партизан Жељко Обрадовиќ, некогашниот репрезентативец и НБА играч Предраг Даниловиќ, познатиот глумец Милош Биковиќ и многу други.