Децата на загинатите бранители на бесплатен одмор во Претор
05.07.2010 06:51
| KumanovoNews
Здружението на бранители и оваа година за своите членови огранизира летување на Преспанското езеро во феријалното одмаралиште Претор.

Годинава добивме поволни термини за одмор од 12 до 19 јули. Сместувањето и полн пансион чини 3600 денари, а за деца до 12 години 2550 денари, додека за деца на загинатите бранители е бесплатно. Имаме и организиран превоз кој изнесува 700 денари- вели Предраг Петрушевски претседателот на Здружението на бранители 2001 година од Куманово.
Сите заинтересирани граѓани можат да се обратат во канцелариите на здруженитео кое се наоѓа на булеварот “Октомвриска Револуција”.