×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Делегација на МВР положи цвеќе пред спомен плочата на загинатите во Диво Насеље

    09.05.2024 12:35 | KumanovoNews

    Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев, денеска ја предводеше делегација на МВР, која пред споме плочата во дворот на СВР Куманово, положи цвеќе и оддаде почит на загинатите припадници на македонските безбедносни сили, кои загинаа во Диво Насеље. 

    Делегација на МВР положи цвеќе пред спомен плочата на загинатите во Диво Насеље

    „Утрото на 9 мај 2015 година ние кумановци се разбудивме со звуци од бомби, пукотници и растревожени лелеци од сограѓаните. Диво насеље гореше, и за брзо се прошири веста за загинатите колеги, припадници на македонската полиција, во вооружен судир со терористичка групација. Најскапоценото, својот живот во одбрана на Македонија, го дадоа припадниците на специјалните единици на македонската полиција. Нека им е вечна слава! Никогаш да не се заборави!”, напиша Бојмацалиев.

    Во делегцијата беа и директорот на БЈБ, Сашо Тасевски, државната секретарка Магдалена Несторовска, претставници од единиците при Одделот за специјални полициски операции, како и раководството на СВР Куманово.