Делови од Куманово и две села без струја
20.07.2026 08:10
| KumanovoNews
Поради планирани работи на електродистрибутивната мрежа, денеска и во наредните денови ќе има прекини во снабдувањето со електрична енергија во делови од Куманово и во две села од општината.
Според најавата, денеска, во периодот од 07:30 до 14:30 часот, без електрична енергија ќе бидат корисниците на улиците „11 Ноември“ и „Трајко Јовановски - Кмет“ во Куманово.
На утре (вторник), од 07:30 до 14:30 часот, прекин во снабдувањето ќе има на улицата „Моша Пијаде“ во Куманово.
Во среда од 09:00 до 15:00 часот, без струја ќе останат жителите на селото Татариновац.
Планиран прекин е најавен и за 29 јули, од 08:50 до 14:00 часот, кога без електрична енергија ќе биде селото Стрновац.