Денеска играат репрезентациите на Македонија и Словенија
На вториот ден на Младинската олимпијада во Куманово, продолжуваат натпреварите помеѓу младинските репрезентации во кошарка во женска и машка конкуренција.

Денеска играат машките екипи на Чешка, Финска, Франција, Белгија, Италија, Полска Македонија и Словенија.
Своите сили ќе ги одмерат и женските тимови на Хрватска, Унгарија, Италија, Турција, Германија, Полска, Македонија и Словенија. Натпреварите се играат во сала „Перо Наков“ и спортската сала во Куманово, во текот на целиот ден.
Распоред на натпреварите:
22.07.2025 (вторник) – кошарка
Спортска сала – машки натпревари
• 11:30 – Чешка - Финска
• 13:45 – Франција - Белгија
• 16:00 – Италија - Полска
• 18:15 – Македонија - Словенија
Сала „Перо Наков“ – женски натпревари
• 11:30 – Хрватска - Унгарија
• 13:45 – Италија - Турција
• 16:00 – Германија - Полска
• 18:15 – Македонија - Словенија
23.07.2025 (среда) – кошарка и планински велосипедизам
Спортска сала – машки натпревари
• 11:30 – Полска - Чешка
• 13:45 – Словенија - Франција
• 16:00 – Италија - Финска
• 18:15 – Македонија - Белгија
Сала „Перо Наков“ – женски натпревари
• 11:30 – Полска - Хрватска
• 13:45 – Словенија - Италија
• 16:00 – Унгарија - Германија
• 18:15 – Македонија - Турција
Трки – Студена Вода
• 09:00 – Жени – Планински велосипедизам
• 11:00 – Мажи – Планински велосипедизам
24.07.2025 (четврток) – Велосипедизам и свеченост
Улична трка – Куманово
• 10:00 – Старт – Жени
• 12:00 – Старт – Мажи
26.07.2025 (сабота) – Финална свеченост
„Влезот за сите натпревари е бесплатен, што е одлична можност за граѓаните да ги поддржат младите спортисти и да уживаат во спортскиот дух“, потсетуваат од Општина Куманово.