Денеска во Куманово гласаат 333 болни, изнемоштени и затворени лица
01.11.2025 11:06
| KumanovoNews
Во Куманово денеска гласаат 212 болни и немоќни лица, 79 затвореници и 42 штитеници во домот за стари „Зафир Сајто“
Претседателката на ОИК Куманово, Кристина Цветковска, вели дека за вториот круг на изборите се пријавиле уште 46 болни и изнемоштени лица.
„Гласањето досега поминува без проблеми и во најдобар ред, се надеваме дека така ќе остане и до крајот на денот,“ вели Цветковска.






