Денови на медот во Куманово
02.10.2024 13:23
| KumanovoNews
Од утре до сабота на Градскиот плоштад во Куманово ќе се одржи традиционалната саемска манифестација “Денови на медот 2024“.

„Оваа година ќе има 30 излагачи од регионот, што е рекорд во однос на предходните години. Главната цел на манифестацијата е нашите сограѓани ги запознаат вистинските пчелари од Куманово и кумановско, и во своите домови да однесат квалитетен мед и пчелни производи, кои ќе ги набават од своите локални пчелари, а не од луѓе кои немаат врска со пчеларството“, вели Бобан Стошевски, преседател на Здружението „Пчела“ Куманово.
Отворањето на манифестацијата закажано за во 10 часот.