×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Девет години од нападот во „Диво Насеље“

    09.05.2024 12:01 | KumanovoNews

    Денеска се навршуваат 9 години од вооружениот напад на терористичката група на македонските вооружени сили во Диво Насеље, кога загинаа 8 припадници на полициските сили. На 9 и 10 мај  Куманово живееше во страв и неизвесност дали војната ќе се прошири и на другите делови на градот.

    Девет години од нападот во „Диво Насеље“

    Во дводневните престрелки, загинаа полицајците Жарко Кузмановски и Сашо Самојловски од с.Брвеница, Ненад Серафимовски од с. Зубовце, Горан Илијевски од Гостивар, Бобан Ивановиќ, Исамедин Османи, Љубиша Аранѓеловиќ и Горан Стојменовиќ од Скопје, а 37 други припадници на безбедносните сили беа повредени.

    Минатата година беше поставено Спомен обележје во чест на загинатите припадници на македонската полиција во кругот на СВР Куманово. 

    Во чест на осумте загинати припадници на специјалните единици „Тигри“ насликан е мурал во централното градско подрачје.

    Во нападот загинаа 10 терористи, а 33 лица беа уапсени и обвинети за тероризам.